Ретроспектива (2005-2020): Пред лицето на живиот Бог
Другите молитви сите имаат своја содржина: утрена молитва, вечерна, итн. Кај оваа молитва соржината е една: помилуј ме! Таа го поттикнува човекот да стои пред лицето на живиот Бог со чувство на покајание и тоа е сѐ. Но, тоа стоење пред Господ со чувство на покајание дава многу: тоа ми го дава она, што ми е најпотребно, а тоа е свест за мојата вина пред Бога. Јас стојам пред Господ со чувство на вина и тоа прави Бог да ми биде многу близок.