За време на германската окупација, речиси сите резерви жито во манастирот Филотеј се потрошиле, така што отците одлучиле да престанат со давањето милостиња. Во тоа време во манастирот живеел еден побожен монах, старецот Сава, кој бил многу изненаден кога слушнал за таа одлука, поради што го молел Советот на манастирот да ја преиначи одлуката бидејќи, во спротивно, постапката ќе го разжалости Христос
Митрополит Струмички Наум: Давање и кога се нема доволно за себе – основа за Божјо чудо (14.08.2021)
Катерина Момева - ЕТИКАТА НА ГРИЖАТА КАКО НЕОПХОДНА ЕТИЧКА КОНЦЕПЦИЈА ЗА ОВОЈ ГЛОБАЛЕН ЕРОДИРАН СВЕТ
Во дваесет и првиот век, се случува еволуција на комуникациите, имаме радио, авиони, телевизија, телефони, мобилни, интернет, сателит, хипотетички ние сега се стремиме да комуницираме со други планети, бидејќи земјината топка сме ја заробиле во комуникациски мрежи.
Ретроспектива (2005-2020): Иван А. Илин- За лишувањата
И секогаш кога нешто силно ми недостигаше или кога губев нешто омилено, јас размислував за кожената тетратка и за изреката на дедо ми. Јас и сега тоа го нарекувам „правило на среќа“ или „закон на оловниот војник“. Ми се чини дека овде е замешана и сказната на Андерсен „Истрајниот оловен војник“: малиот бил храбар – поминал низ оган и вода, и дури со око не трепнал…
Ретроспектива (2005-2020): протојереј Александар Шмеман
Кога секој православен Христијанин молитвено размислува за Црквата, тој ја гледа Црквата пред се како Божји дар, а дури потоа размислува за Црквата како човечки одговор на тој дар. Црквата со право, би можела да се опише како есхатолошка стварност, бидејќи нејзината суштинска функција во овој свет, е да го пројавува и актуелизира есхатонот – крајната стварност на искупувањето и спасението.
Ретроспектива (2005-2020):+Митрополит Методиј - ЖРТВИ НА ЗАДОВОЛСТВОТО
Уште како философско учење во антиката, хедонизмот се базирал на уверувањето дека човекот нема слободна волја. Робувајќи и на неумоливата судбина, нему не му преостанувало ништо друго освен да се предаде на ситните уживања што ги носи денот. Испразнет од било каква амбиција, или потреба од активизам во животот, сета своја егзистенција тој ја ограничил на привидното живуркање испразнето од смисла.
Старец Сава Псково - Печерски: Светот е во состојба на поспаност, грешен сон, заспан
„За време на нивниот земен живот, луѓето бараат се освен Христос Животодавецот, па затоа и се препуштаат на различни страсти: неверување, мала вера, себичност, завист, омраза, амбиција, задоволства во јадењето и пиењето и други страсти. Само кон крајот на својот живот, тие Го бараат Христа во Причест, непотребно плачат , и тоа е поради обичаите што другите ги прифаќаат “.
Ретроспектива (2005-2020): Свети Јован Кронштадски: Како секојдневно да го распоредиме времето (3)
До колку нешто работиш, обиди се тоа дело да го извршуваш со мисла за Бога Творецот Кој се создал со бесконечна премудрост, со Својата добрина, Својата семоќ, Кој и тебе те створил по својот образ и подобие. Ако добиеш или поседуваш пари или некое богатство, помисли дека нашето неисцрпно богатство, од кое потекнуваат сите богатства на душата и телото, нашиот Извор од кој непрекинато истекуваат сите богатства е Бог, а тогаш заблагодари Му од се срце и не го заклучувај своето богатство кај себе, за да не си
Митрополит Струмички Наум: Прогледување на духовно слепите (07.08.2021)
Истото важи и за сите нас. Треба да знаеме дека духовно сме слепи (немаме умно-срдечна молитва и просветлен ум), треба да веруваме дека Христос може да нè исцели и треба оваа наша вера да ја докажеме со што почесто призивање на името Исусово, во покајание, без да ...
преп. Старец Пајсиј: Промислата на Пресвета Богородица за манастирот Филотеј
Молитва на света Ана
Света Ана е надеж на неплодните и на оние кои не можат да родат. И таа заедно со нејзиниот сопруг светиот Јоаким со горешти молитви, солзи, постојани молби го умолија Бога да им даде дете. Конечно, Бог ги слушна нивните моитви и во 69 година од животот се удостои да стане мајка на мајката на Богочовекот, нашиот Господ Исус Христос. Затоа во продолжение ја изложуваме нејзината молитва кон Господ.
Литургиска прослава на Илинден во храмот „Свети Илија“ во Аеродром-2021
Денес, на 02.08.2021 година, кога Црквата го празнува споменот на светиот пророкот Илија – Илинден, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан отслужи Божествена Литургија во храмот „Свети Илија“ во населбата Аеродром. На Литургијата во ѓаконски чин беше ракоположен дипломираниот богослов Илија Пројчевски.
На отец Методиј Валаамски се посветува „Домот на изгрејсонцето“ - свештеник Анатолиј Першин
Во спомен на нашиот брат во Христа, игуменот Методиј Валаамски † 22 јули 2021г.
Господ да му даде Царство Небесно !
Митрополит Струмички Наум: ВО СТИЛОТ НА СВЕТИОТ ПРОРОК ИЛИЈА
Сите сме жртви на суетата, помалку или повеќе. Забораваме дека гревот што го „препознаваме“ кај нашиот ближен, според Светите Отци, постои и во нас или е најчесто само наша проекција. Затоа Христос и вели: „Со каков суд судите, со таков ќе бидете судени“ (Матеј 7, 2). Живееме како одвај да чекаме некој од оние што ѝ сметаат на нашата суета нешто да згреши.
Митрополит Струмички Наум: Фатени од гревот (31.07.2021)
Напорот да се дојде до Христос со надеж за исцеление, а наместо тоа јавно да ја слушне само причината за својата болест – гревот, и без помисла и негодување да се прифати сето тоа, зарем ова не покажува смирение и благодарност? Да, однесувањето на фатениот покажува дека тој ја освестил причината за својата болест, а тоа е гревот – како што потврди и Христос, и со