РАСПОРЕД ЗА БОГОСЛУЖБИ ПРИ ХРАМОТ„ СВ. ВМЧ. ГЕОРГИ ПОБЕДОНОСЕЦ “ - КРИВИ ДОЛ ЗА МЕСЕЦ МАРТ
НЕДЕЛА -22/09- /св.Јован Лествичник/ св. 40 мч-ци во Севастија; св. 40
Битолски преп.мч-ци; / почеток во 07.30ч.утринска во 08.30ч.
литургија(Василиева) /
НЕДЕЛА -22/09- /св.Јован Лествичник/ св. 40 мч-ци во Севастија; св. 40
Битолски преп.мч-ци; / почеток во 07.30ч.утринска во 08.30ч.
литургија(Василиева) /
Секогаш сеќавај се на Исус за секогаш да го пронаоѓаш соодветниот лек за своите слабости. Те боли ли нешто? Ако Го повикаш Исус, ќе најдеш утеха и просветлување. Тажен си? Повикај Го Исус и гледај, утехата ќе блесне во сферата на твоето срце. Те надвладеало обесхрабрување? Не заборавај своите надежи да ги положиш на Христа...
“Јади, Иванушка, јади!” Грoзниoт цар лутo му oдгoвoрил: “Јас сум христијанин и нe јадам мeсo вo пoст”. Тoгаш Бoжјиoт чoвeк брзo му oдгoвoрил: “Та ти правиш и пoлoшo: сe храниш сo чoвeчкo мeсo и сo крв, забoравајќи нe самo на пoстoт, туку и на Бoга!” Oваа лeкција длабoкo навлeгла вo срцeтo на царoт Иван и пoсрамeн вeднаш гo напуштил Пскoв кадe штo наумил да направи гoлeмo кoлeњe.
Да ја хранимe, браќа, свoјата душа сo Христа за да живee и да бидe здрава. Да гo хранимe нeпрeстајнo нашиoт ум сo мислитe Христoви за да бидe прoсвeтeн и вeдар. Да гo
хранимe нeпрeстајнo нашeтo срцe сo љубoвта Христoва за да бидe ситo и радoснo.
"Да си споменеме за крстот како избор. За избор од кој се во светот зависи и без кого се во светот ќе е торжество на темнината и злото. За суд дојдов Јас во овој свет, вели Христос. На овој суд на распнатата љубов, вистина и добро стои секој од нас".
„Што е тоа исповед? Тоа е најголемото таинство. Светите Отци велат дека ако не би постоела исповедта, ниту еден човек не би го достигнал спасението. Господ на човекот му ги простува оние гревови што ги исповедал.
…Ние го гледаме човекот надворешно, а Господ гледа во срцето. Срцето во човекот треба да биде искрено и свето.“
Кој пример би бил поубав од Господ Исус! Зарем послушноста кон Отецот не Го одведе до Крстот и до смртта? Зарем Тој, бидејќи единосуштен на Отецот, не можел да се спротистави на ова? Тој, меѓутоа, тоа не го стори. Додека се качувал на Голгота, чекорел во пот и паѓал на колена со болка, под бремето на отсекувањето на сопствената волја.
Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти ни раката, а камo ли срцeтo, душата и умoт. Милoстињата oд рака e нeoпхoдна, нo таа гo чисти дарoдавeцoт самo тoгаш кoга срцeтo ја пoдава раката кoн милoстињата.
Тоа беше една од најдобрите проповеди, кои некогаш сум ги слушнал. И сега ви велам, браќа и сестри: вие не верувате дека Христос е тука. Вие не верувате дека Тој е во вас, и не верувате дека Тој е во вашите ближни, – зашто во спротивно никогаш не би се однесувале така, како што се однесувате сега. Така што, вие, а не некои луѓе од улица, се одрекувате од Христос.
(11.03.2015 09:51)
Коефициент на духовна интелигенција (втор дел)
Во претходната беседа ви реков дека наместо постепеното совладување (една по една) на точките преку кои се надминува секое искушение – процес што е карактеристичен за почетниците во православниот духовен живот, можеме да се обидеме веднаш – на пократок начин, преку молитвата, да ја пренасочиме енергијата кон Бог и умот да профункционира во својата примарна функција. Знаеме веќе дека само ваквото дејствување на умот, преку содејство на Божјата енергија (благодат), ја преобразува неговата енергија – во што и се состои нашето спасение. Уште рековме дека преку времето, поминато во чиста молитва, што ќе ни биде потребно да ја надминеме бурната внатрешна состојба (помисли, чувства) после слученото искушение, можеме емпириски да го измериме и коефициентот на нашата духовна интелигенција; можно е и научно истражување, како и табеларен приказ.
Што е всушност коефициент на духовна интелигенција? Коефициент на духовна интелигенција е нашата способност – преобразена од Божјата благодат, а стекната преку долготраен подвиг и од него произлезен опит, правилно и брзо да го надминеме секое искушение што ни се испречува пред нашиот раст додека не стигнеме до единство во верата и познавање на Синот Божји, до состојба на совршен маж, до мера на полната возраст на Христовото совршенство (Ефес. 4, 13). Практично, тоа значи дека со една мисла поминуваме низ сите останати точки (прифаќање, благодарење, самоосудување и смиреност), бидејќи нашиот ум и нашата душа преку досегашниот подвиг ги имаат веќе усвоено, и веднаш преоѓаме на четвртата точка – усрдно и концентрирано (чисто од други помисли) кажување во себе (или наглас) на молитвата: „Господи Исусе Христе, помилуј ме грешниот“ или „помилуј нѐ“.
Исто така, нагласив дека краткиот начин што го опишав не е и не може да функционира како обична психо-ментална техника (од типот на некои безлични медитации), туку овој подвиг мора да се заснова на личносниот однос со Личниот Бог, внатре во Црквата – преку Нејзините Свети Тајни, и да води кон негово продлабочување преку постојано покајание (преумување).
Претходнава опомена ја нагласивме затоа што погореопишаниот начин може да заличи на некаква психо-ментална техника, во очите на неопитните, главно од две причини: прво, брзината со која ја изговараме молитвата зависи од интензитетот на помислите преку кои демонот нѐ напаѓа – така што, на почеток, молитвата најчестo ја кажуваме забрзано, а по потреба и наглас, па дури потоа ја нормализираме; и второ, умот не смее да биде расеан, туку неопходно е неговата енергија максимално да е концентрирана во зборовите на молитвата, кои треба јасно да се изговараат – посебно кога ги изговараме внатре во себе, во нашето срце.
Како што веќе предупредивме, овој начин на молитва може некому да му заличи на некаква медитативна техника – но не е. Не е исто, главно, од две причини: прво, Му се обраќаме на единствениот вистински Бог – Синот Божји, Богочовекот Исус Христос, кон Кого и ја насочуваме енергијата на нашиот ум (која никој и ништо друго создадено не може да ја преобрази); и второ, молитвениот подвиг мора секогаш да е во покајание и плач – пред сѐ како внатрешно чувство; кое го следи целиот наш жив однос со Живиот Бог, како со збор така и на дело.
Нагласивме, молитвениот подвиг да ни биде во покајание и плач, ама покајание и плач во слободата и љубовта на децата Божји, не на наемниците или робовите. Тие, и да се обидат, не можат да имаат вистинско покајание и плач, како што може да имаат децата Божји – кои ништо не бараат освен својот Небесен Отец.
Митрополит Струмички Наум
Коефициент на духовна интелигенција (трет дел) (12.03.2015 00:14)
Коефициентот на духовна интелигенција го дефиниравме (накратко) како наша способност правилно и брзо да го надминеме секое искушение што се јавува како пречка за нашиот духовен раст. Практично, тоа значи дека со една мисла поминуваме низ сите останати точки (прифаќање, благодарење, самоосудување и смиреност), бидејќи нашиот ум и нашата душа преку досегашниот подвиг ги имаат веќе усвоено, и веднаш преоѓаме на преостанатата точка – усрдно и концентрирано (чисто од други помисли) кажување во себе (или наглас) на молитвата: „Господи Исусе Христе, помилуј ме грешниот“ или „помилуј нѐ“; сѐ додека не ја стабилизираме нашата духовна состојба и со добро не одговориме на искушението.
Ова е општа дефиниција. Зборот способност во себе содржи повеќе други добродетели (доблести), како што се: смирението, трпението, истрајноста, духовното знаење, слободата, како и некои други – од кои најважна е љубовта. Од љубовната молитвена заедница со Бог, внатре во нашето срце, произлегува и нашето познание и опитно знаење на Бог. Тоа е она знаење за кое светиот Апостол Павле вели: Затоа сметам дека и сè друго е штета спрема преважното познавање на Христа Исуса, мојот Господ, поради Кого се одреков од сè, и се сметам за отпад, само за да Го придобијам Христа (Филип. 3, 😎. Зошто? Затоа што познанието на Бог ни носи спасение, а само световното знаење, па колку и големо да е тоа – не.
Тука да се потсетиме дека потполно различни се и патиштата преку кои се стекнуваме со едното и со другото знаење. Духовното знаење се стекнува преку примарната функција на умот – кога неговата создадена енергија се соединува со несоздадената Божествена енергија (светлина), додека световното знаење се стекнува преку секундарната функција на умот (која ја нарекуваме и разум) – кога енергијата на умот се соединува со создаденото (со тварта). Уште сме рекле дека најкорисно и за Црквата и за светот е кога имаме носители и на двете знаења истовремено; и духовни отци кои во висок степен се и световно образовани (особено во соодветни, блиски области од науката), како и научници кои би биле просветлени – така што многу работи би им биле појасни, кога би се ослободиле од оковите на материјалното. Да, од една перспектива гледа орелот на небото, а од друга петелот во кокошарникот.
Забележувате дека речиси цело време се задржавме на терминот духовно знаење (познание). Го направивме тоа затоа што тој термин е најблизок, па дури и го подразбира терминот коефициент на духовна интелигенција. Еве уште неколку објаснувања за ова духовно знаење. Прво, треба да знаеме дека кога говориме за духовното знаење или за коефициентот на духовна интелигенција, пред сѐ, говориме за знаењето што го добиваме на вториот степен од духовниот развој – просветлувањето. Ова знаење е самостојно, за разлика од истиот коефициент на оние што се наоѓаат на првиот степен – очистување на срцето од страстите; тие се здобиваат со ова знаење само ако го стават својот ум во процес на исцеление (преку послушание кон својот духовен отец). Второ, ова е клучно знаење кое треба да го има духовниот отец, зашто со него ги раководи своите духовни чеда. И трето, во ова знаење спаѓа и предзнаењето, предвидувањето, прорекувањето (пророштвото) и некои други „ситници“ со кои Бог ја покажува Својата љубов кон Своите деца.
Еве ви еден совет од предзнаењето: сѐ што сега ви се чини дека е против вас, на крај ќе излезе во ваша полза, само вие одете си по Патот и не враќајте на злото со зло, туку со добро.
Митрополит Струмички Наум
Друго:
Коефициент на духовна интелигенција (прв дел)
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме грешниот. Во својот надворешен облик, ова е молитва кон Второто Лице на Пресвета Троица, Господ Исус Христос. Но, и другите две Личности се присутни, иако не се именувани. Зборувајќи за Исус Христос како Син Божји, ние укажуваме на Неговиот Отец, а Светиот Дух е исто така опфатен во нашата молитва,
Помогни ни да се покаеме за патиштата кои не се Твои и Тебе не Ти се угодни. Уште помогни ни да ни бидат простени помислите кои не се во склад со Твојата промисла. Ова го бараме во најголемо смирение, Господи, зашто само со Твоја помош може да се очисти нашето срце, ум и душа. Само Ти можеш да ни подариш прошка и многупосакуван мир. Амин.
На 10.03.2015 година, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф, оствари средба во Тетовското Муфтинство со ново избраниот Муфтија на Тетово Проф. др. Qani Nesimi. Митрополитот во оваа прилика му го честита изборот и му посака успешна и плодна работа.
Штом има молитва, духот дише и живее;
штом нема молитва, за духот нема воздух, за него нема живот.
„Овде треба само покајанието да се доврши и кон секого треба да се однесуваме со љубов и почит.
Причина за покајание: да знаеме дека не сме она што зборуваме за себе, туку она што зборуваме против другите. “- о. Горан Стојчевски
Кoга чудoтo ќe сe случи, нeка нe тe збунува, туку да тe вeсeли. Тoа Бoг гo пoдал Свoјoт прст билo да награди или да казни, или, пак, да ги oхрабри Свoитe вeрници, или да гo извeдe грeшникoт на патoт на спасeнeитo.
На 8-ми март 2015 година, во втората недела од Великиот пост, кога Светата Црквата молитвено го прославува споменот на свети Григориј Палама, ереј Игор Димитриевски во сослужение на ерејот Заран Велковски и ѓаконот Даниел Џепчиќ, во храмот Рождество на Пресвета Богородица, во Скопје, служеше Света Василиева Литургија. На Светата Литургија многубројниот верниот народ, меѓу кој и сопругата на Претседателот на Р. Македонија ѓ-а Маја Иванова, се причестија со Светите Христови Тајни.
До доаѓањето на Исус Христос на земјата, Јудејците не го сметале богатството за порок, туку, обратно, тоа било директно сведоштво за Божји благослов. Ако може така да се каже, добивката се сметала како потврда со печат – таа е „по Божја милост“, како што се сметало дека е милост и имањето многу деца.
Тoа сe три вида на вeрувањe. Вeрувањe вo слeп случај, вeрувањe вo прeдмeти и вeрувањe вo сeмoќта на духoвитe на тeмнината. Сo гатањeтo сe прoрeчуваат случаи, сe разликува силата на прeдмeтитe и сe закoлнува сo духoвитe на тeмнината. Ниeдна друга вeра така oстрo нe гo oсудила и oтфрлила гатањeтo какo христијанската вeра. Ниeдна вeра, oсвeн христијанската, нe e слoбoдна и чиста oд гатањeтo.
Пред 70 години, околу 300 делегати од сите страни на Македонија, и гости од тогашните македонски власти и институции, како и претставници од најголемите верски заедници, заедно со домородното свештенство, од името на целиот македонски народ, без разлика каде живеел, упатиле порака до православниот свет – порака која значела исправање на големата неправда