МАНУ: ПРОЛОГ (25.06.2021)
Во ѕвездените мигови на македонската култура и уметност видно место зазема историскиот настан со откритието на Николај Окунеф (1928) на старите фрески во манастирот Св. Пантелејмон во Нерези и дебатата каде всушност почнала европската ренесанса: во Италија, со Џото во XIV век, или два века порано во Македонија, некаде околу 1164 година во Нерези, со овдешниот непознат ингениозен зограф,