Божикна приказна: Човекот и птиците
Еднаш, си бил некој човек којшто го сметал Рождеството Христово за некаква измислица.
Тој не бил лош, дури бил и многу добар, дарежлив кон семејството, чесен во своите односи со другите луѓе.
Но тој не верувал во она што на Божик се кажувало во црквите.
А бил премногу чесен за да се преправа дека верува.