ЖИВОТОТ СЕ СЛУЧУВА ВО МЕЃУВРЕМЕ
Животот се случува во меѓувреме... кога отсуството на црква е Црква Света, а братот за кого си слуга е идниот непријател. Нека ме отфрли сè, ама јас, Оној што е животот во мене – ќе си игра согорување, милување. Ќе ги измијам нозете, чиниите, ќе напишам уште збор-два, час-два не ќе правам ништо. Меѓувреме е време на сознание. Меѓувреме е сонот кој треба да буди.