Не очајувајте во неволјите и не кревајте раце од сè. Почесто читајте го Евангелието. Исус Христос им проштавал на сите кои се каеле, но и предупредувал: „Оди си и не греши повеќе“. Почесто прибегнувајте кон Него, бидете свесни за своите недела, молете за помош, принудете се секогаш, како гласно, така и во себе, да ја повторувате Исусовата молитва.
АКО ЉУБОВ НЕМАМ, НИШТО НЕ СУМ
Апостолот го прикажува отсуството на љубов како еден вид онтолошка празнина: без љубов „ќе бидам само бакар што ѕвони, или кимвал што ѕвечи“; она што го правам или она што сум без љубовта „не ми служи за ништо“; без љубовта „ништо не сум“.
На прв поглед ова е тешко за разбирање, меѓутоа Светите отци ни даваат едномислено разјаснување.