Митрополит Атанасиј Лимасолски: Го љубиме ли Бога? – I дел
Бог ни испраќа покани да Му се приближиме. Не нѐ принудува на сила да Му пристапиме, туку ни дава многу причини за да Го љубиме. Да си помислиме само дека пред сите векови, пред да се создаде светот, уште тогаш Бог нѐ имал во Својот ум, го знаел секој еден од нас, ја имал таа љубов кон нас, за наше спасение. Он ја имал намерата да не погинеме, да не пропаднеме далеку од Неговото лице.