Затоа, деца, како православни ги отфрламе и двете крајности, кои се ерес. Го отфрламе екуменизмот, го отфрламе и зилотизмот. Не прифаќаме дека сме фундаменталисти, ниту екуменисти. Ние сме православни христијани, врамнотежени луѓе, го љубиме целиот свет, се молиме за целиот свет – преку Литургијата – не сме ние оние што ќе му судат на светот, Бог ќе му суди на светот. За нас, пропаста дури и на едно суштество е болка. Не сакаме ниту еден човек да исчезне од Божјото лице, апсолутно ниту еден.
Митрополит Атанасиј Лимасолски: Широкото срце на Православието – IV дел
Што велиме во храмот секоја вечер? „Светлино тивка од бесмртната слава, Светиот, и Блажениот, и Небесниот, Христе!“ Бог е тивка светлина, Он е светлина која не те заслепува, не те уништува, не прави да се чувствуваш непријатно, туку убаво, комотно, прави да чувствуваш дека постоиш. Он не те брише за да може Он да постои, туку умира за да можеш ти да постоиш и постепено откриваш, дека сопостоиш заедно со Него и дури во Него.