Вистински може да владее само оној кој се победил себеси
Се чини дека нема ништо поскапоцено од слободата. Таа е најголем Божји дар, печат на Неговата татковска љубов кон човекот. Имено, Он го создал човекот слободен. Уште во првите страници на Светото Писмо читаме како Бог ги создал Адам и Ева како слободни битија, со право на избор помеѓу доброто и злото. Тоа е израз на Неговата совршена љубов, бидејќи љубовта може да биде вистинска само кога е во слобода.