Што е тоа страв од Бога и страв од човек?
Како да се победи стравот?
Многу едноставно- да се биде смирен. Во смирението потонуваат сите стравови и помисли како камен во огромен океан. Тогаш ти ќе дознаеш дека смирението е вистинска храброст. Затоа стравот е спротивен на храброста. Но, не таа храброст за која говорат во светот, туку храброста на смирението, кое раѓа чисто срце.