„Лествица“ - ново издание на Повардарска епархија
Пред да кажеме нешто за Лествица, најнапред да се запознаеме со авторот на овој монашки буквар, светиот Јован игуменот Синајски. За него нема сигурни податоци, светиот Димитриј Ростовски претпоставува дека тој е син на светите Ксенофонт и Марија, дека потекнува од Константинопол, а според други, дека е роден во Палестина или Египет.