Од каде и на каде патувате?
Има ли нешто побезумно од тоа, од патниците да го чуете одговорот: Не знаеме ни од каде и на каде патуваме. Навистина, добро е кажано за таквите патници: Темен е патот на синовите човечки (Псал. 34, 6). Каква корист имаат патниците од сето знаење, ако не знаат од каде и на каде патуваат? Не е ли празно и смешно сето нивно останато знаење?