Митрополит Европски Пимен: Барајќи сенка
Жешко прежешко беше и на блискиот Исток, па стотици илјади луѓе тргнаа на северозапад. Изгледа не чуле дека кај нас беше најавено жешко лето, па кутрите минуваа преку нашата територија. Не очекуваа дека и на нашите полицајци може да им удри сонцето во глава, па дека понекогаш ќе има и нељубезност од нивна страна.Им дожеже изгледа и на новинарите, па слабо работеа летово, па си најдоа еден човек со магичен телефон во рака и го следеа по села и градови.