Скопје, 26-ти февруари 2016 год.- храм Рождество на Пресвета Богородица
Светиот маченик Георгиј Кратовски
На 24-ти февруари 2016 година, во Неделата на митарот и фарисејот кога Македонската православна црква- Охридска архиепископија молитвено го празнува споменот на Светиот маченик Георгиј Кратовски , Света Теодора и Светиот свештеномаченик Власиј,, во храмот Рождество на Пресвета Богородица, во Скопје, протоереј Драган Јанковски во сослужение на ѓаконот Методиј Митановски, отслужи Божествена Литургија.Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Добро е, колку што можеш да ги одбегнуваш тие собирања, како и љубопитноста, бидејќи така ќе собираш талог од помисли, а потоа многу ќе се замориш за да ги изгониш. Секогаш да носиме добри мисли и да не примаме лукави телеграми, ако сакаме да се очисти нашето срце и лукавите механизми на нашата фабрика (срцето) да се претворат во добри механизми. Тогаш, од златото ќе прави свети путири, а од скршените камбани - полиелеи, а пак од старите, фрлени хартии - ќе прави чисти салфети. Кога пак, срцето е лукаво - и доброто злато ќе го смета за бронза и од него ќе направи куршуми или топови. Затоа, срцето ќе треба да се очисти, со тоа што во него ќе внесуваме само добри помисли за сите, и со тоа што нема да примаме телеграми од лукавиот, затоа што од срцето излегуваат сите зла, (Мт. 15, 19) и повторно од вишокот на срцето зборува устата (Мт. 12, 34).- Старец Паисиј Светогорец
Преминпортал (к.т.)