Срцето е почеток и корен на сите наши дела, учи свети Тихон Задонски. Што и да правиме во и надвор од нас, го правиме со срцето, било тоа да е Добро или зло. Со срцето веруваме или не веруваме; со срцето сакаме или мразиме; со срцето се смируваме или се возгордејуваме;
Човекот и неговата вера
Човекот ги соединува двата света – видливиот и невидливиот, соединува две природи – физичката (телото) и духовната (душата). Ние телото го гледаме и го чувствуваме, но има многу докази и за постоењето на душата, ние ја чувствуваме и ја разбираме нејзината болка, нејзините радости и потреби. Затоа, човечкиот живот не може да се ограничи само на задоволување на потребите на