Божјата благодат и силата на Светиот Дух со Кој се осветува водата, особено се чувствува на денот на Просвештението, кога правиме спомен на Крштението Господово од раката на Св. Јован Претеча. Со чинот на осветувањето на богојавленската вода и полагањето на крстот во водите, се символизира ослободувањето од гревот што Христос му го донесе на родот човечки. Во тој миг се случува осветување на сите води и секој што ќе се допре или пие од таа осветена и облагодатена вода, го чувствува Божјиот благослов, се исполнува со голема сила
Архиепископ Василиј (Кривошеин):Аскетското и богословско учење на свети Григориј Палама (2)
Тие енергии Божји, објаснети од свети Григориј Палама како пројавувања и откривања на Самиот Бог, неразделни од Него, природно се јавуваат, според смислата на неговото учење за Божеството, несоздадени (зашто во Бога нема ништо создадено) и се означуваат со имињата на Божеството, а не со суштеството Божјо, зашто последното е совршено неискажливо и неименливо.