Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во придружба на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Струмички г. Наум, на свештеникот Александар Димоски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски, на 2 и 3 март оваа година, беше на поклонение на светињите во Великата Вселенска Патријаршија.
На 03.3.2022 година, во прва сабота од Великиот пост и спомен на чудото на свети Теодор Тирон, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан богослужеше и проповедаше на Светата Литургија во храмот „Свети Спас“, во н. Драчево.
На Светата Литургија верниот народ се причести со Светите Христови тајни.
Во првата сабота од Великиот Пост, која православната Црква ја посвети на споменот на свети Теодор Тирон, беше отслужена Света Божествена Литургија во црквата „св.Никола“ во Свети Николе, на која чиноначалствуваше Митрополитот Европски г.Пимен во сослужение на надлежниот епархиски архереј митрополитот Брегалнички г.Иларион и митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф.
Тој не убивал, но секојдневно крадел и грабал, се веселел со другите разбојници, но навечер редовно, како од навика, го читал акатистот. Поради овој негов мал подвиг Пресвета Богородица му го сочувала животот во многу опасни ситуации, а потоа и преку една средба со еден монах, му дала до знаење дека,
Светителот му рече со коливо за да го дополни недостатокот. Евдоксиј не разбра што точно е тоа „коливо“ и го праша светителот, а тој му објасни: варена пченица. Патријархот тогаш го праша кој е тој, што толку се грижи за христоименитиот народ? Христовиот маченик рече: од Него сум ви испратен за помошник.
Великиот пост, во својата суштина, не е ништо друго освен повик до секој од нас да се запознаеме себеси, да се задлабочиме во себе, да погледнеме во својата душа и совест. Одеднаш, макар и накратко, да навлеземе во тишината. Затоа што Великиот пост е таа тишина од која сме целосно лишени во современиот свет. Не физичка, туку духовна тишина.
Со молитвата треба да се бориме против човечката потреба да се владее, која исто така е многу погубна. Затоа преподобниот Ефрем вели: Господи и Владико на мојот живот, не давај ми дух на властољубие... Духот на властољубието е стремеж да се владее над другите, да се заземе првото место, а стремежот да се владее го довело до погибел архангелот,
„Ако Великиот пост и воздржанието означуваат зајакнување на духовната борба, тоа е зашто согласно Евангелието, ова е времето кога лице в лице се соочуваме со злото и со сета негова сила. Затоа и токму тогаш ни е неопходна помошта и силата на божествениот оган. Оттука и неопходноста од посебно великопосно причестување
Согласно опитот на сите Светии, единствен темел на вистинскиот духовен живот е вистинската вера. Вистинската вера го соединува човекот со Бог. Учеството во вистинската вера во Црквата истовремено значи и учество во вистинска благодат. Вистинската вера е критериум за вистински духовен живот.
Дај ни, Господи, истрајност во исповедањето на Вистината, која е во Христа: за преку Него да дојде спасение на светот. Помогни ни, води нè и укрепи нè, та и ние секој ден од својот живот да стануваме »икони« на Патот, Вистината и Животот. Амин.
Од дамнини стигнува до нас следнава приказна. Еден крал имал слуга кој секогаш му велел: „Царе, не паѓај со духот,
бидејќи сѐ што прави Бог е совршено и без грешка!“.
Величината на Божјата љубов, над неверниот род човечки,
како најголемо чудо ја позна, свети Агапите, пред Господ и луѓето смирувајќи се,
Светителот ни зборува јасно, зборува со јазикот на Вистината. Нашето време е време на апсурди, погрешни толкувања, опскурантизам ( негативен однос кон просветата и науката – мракобесие ), непокајание. Вистината е претставена како ретроградна и ограничена. Темнината се потврдува како светлина; неприродниот живот како прогресивен, „кул“, човечки, природен - нормален.
Кога би верувале
Дека Христос се роди во пештера
Со истата леснотија
Со која веруваме дека вирусот
Се роди во лабораторија...
На 26.2.2022 г., Сиропусна недела и ден во кој Црквата си споменува за Адамовото изгнанание од Рајот, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, присуствуваше на Вечерна богослужба со Чин на простување во Соборниот храм ,,Свети Климент Охридски” во Скопје.
Светата Четириесетница е востановена во чест на спасителните страдања и Воскресението на Господ Исус Христос. Според Типикот на Православната Црква се пости на следниот начин: за цело време на постот во сабота и недела е дозволена употреба на масло. Во останатите денови од седмицата (од понеделник до петок) не се употребува масло. Риба се јаде само на Благовештение и Цветници.
Затвори ли очи и денес, о бедна душо моја, пред испружената рака на гладниот кој парче леб ти побара и пак Христа не Го виде? Знаеш ли душо дека Христа денес не Го нахрани? Или се оглуши и денес кога жедниот капка вода ти побара, па и од капката милост од Христа се лиши?