Спасителот, исто така, кажал: Дојдете кај Мене сите изморени и обременети, Јас ќе ве успокојам (Мт. 11, 28). Различни се бремињата што ги оптоваруваат луѓето, многубројни се, било да се лични, семејни, здравствени, економски или, пак, од општествена природа. Таквите обременувања, повеќе или помалку, ги оптоваруваат секојдневно луѓето.
На едно место Христос укорувајќи ги фарисеите за нивното лукавство и грев на нерасудување, им вели: Тешко вам, водачи слепи, кои велите: Ако се заколне некој во храмот, не е ништо; но ако се заколне некој во црковното злато, виновен е. Безумни и слепи! Што е поголемо, навистина: златото или црквата, која го осветува златото?
Современиот човек живее со технологиите. Во денешно време, систематската дигитализација на сè изгледа дека плени многу луѓе. Кој не е фасциниран од „паметната“ технологија? Дебатата за вештачката интелигенција е толку интересна што некои се оптимисти, а други песимисти.
Кој оди по патот на духовното внимание, не треба да му верува на своето срце, туку должен е дејството на неговото срце и живот да ги проверува – дали му се во склад со законот Божји и со вистинските животни подвижници, кои поминале низ тој подвиг. Така, полесно можеме да се избавиме и од лукавиот и вистината да ја видиме појасно.
Господ му заповедал да молчи (замолкне) и му се заканил да не зборува, за злиот дух заедно со вистината да не ја посее својата злоба, а и ние да се научиме да не се обѕрнуваме на злите духови, макар наизглед тие да ја говорат и вистината. Зашто нам, кои ги имаме кај себе божествените ...
Црквата го црпи својот идентитет низ историјата не од тоа, што претставува сега, туку од тоа, што ќе биде кога во есхатонот целосно ќе се преобрази во Царство. На својот пат, таа претвкусува и веќе се приопштува кон есхатонот. Битието на Црквата е децидно определено од дијалектичкиот однос меѓу историјата и есхатонот.
Според напишаното од свети Јован Златоуст, некои се осмелуваат при гатањето да го призиваат името на Пресвета Богородица и светите угодници и при тоа се прекрстуваат, но од нив треба да се отстраниме.
Исто така, треба да се плашиме од оние кои јуродствуваат, одат боси среде зима, носат тешки вериги, метални капи и сл.
Времињата брзо се менуваат, етиката на односите се менува. Се разбира, од секој можен аспект, би бил корисен предмет како „Етика на човечките односи“ или „Психологија на човечките односи“. Всушност, да се формулира што е семејство за современиот човек е доста комплицирано. Ние, како православни христијани, сме привлечени од традиционалните формулации на семејството и се обидуваме да инсистираме дека семејството е
Откако ја стекнува нејзината доверба, Богочовекот Христос ѝ ја покажува и вистинската вера: „Жено, верувај Ми дека иде часот, кога ни во оваа планина, ниту во Ерусалим ќе се поклонувате на Отецот. Вие му се клањате на она што не го знаете; а ние се клањаме на она што го знаеме; зашто спасението е од Јудејците.
Поголема благодарност треба да им оддадеме на оние што нe боцнаа со што излегоа трњата од нашата душа, отколку на оние што бесплатно ќе ја ископаат нашата област и ќе ни ја покажат нашата скриена непозната ризница. Не му користи некому да ги струже своите колена со неброени метании
Вистинските христијани на сите времиња, највнимателно се чувале од отровот на смртоносната ерес и другите лажни учења. Тие неотстапно го почитувале догматското и моралното предание на Црквата. Не само што православно верувале во Светата Троица, туку и својот живот, своите подвизи и своето однесување го насочувале кон преданието на Црквата. Карактеристична црта
„Се смета дека една од главните одлики на војсководецот во битките на овој свет е да не паѓа со духот при секоја промена на среќата, туку е непоколеблив, како камено срце, и во својата цврстина донесува најразумни и најкорисни одлуки, доведувајќи ги во недоумица со таа цврстина, своите непријатели, ослабнувајќи ја нивната дрскост и влевајќи ѝ храброст на својата сопствена војска.
Пред две-три седмици, во колумната „Природна неприродност“ напишав: „Во САД некој повторно влетал некаде и застрелал луѓе како зајаци со сачмарка. Нема ден некој да не влезе во некое училиште и да не убие дузина професори и ученици. Интересно е што, и покрај осудата на ’ужасот’, никогаш за таков чин не се користи зборот ’ненормално’. И секогаш првата реченица во
Еве, дури и кога би оставиле можност да се изолира експлицитната застапеност на родовата идеологија во Предлог-законот и навистина фразата „родова еднаквост“ ја толкуваме во духот на половата рамноправност која треба да овозможи еднакви можности во однос на остварување на правата на жените и мажите, тој израз сепак поборниците за „родова еднаквост“
Се упокои мирно во Господ во 16 век. Неговите мошти останааа цели и целебни, нераспадливи и чудотворни до денешен ден. Чудата на гробот на Св. Василиј се безбројни. Кон неговите мошти притекнуваат и христијаните и муслиманите и наоѓаат исцеленија во најтешките маки и болести. Секоја година на Педесетница во Острог станува голем народен собир.
Црквата денес го празнува споменот на големиот чудотворец, светиот Василиј Острошки и Тврдошки. Љубовта и молитвената блискост на овој светител ја почувствувале многу луѓе, како од Македонија, така и од повеќето земји од Балканот, но и светот. Во прилог пренесуваме две чуда кои се случиле по молитвеното застапништво на св. Василиј Острошки.
Немој да бидете анксиозни. Понекогаш полошо од тоа да бидеш болен е да се плашиш да не се разболиш. Остави на Бога. Што и да допушти Бог е најдобро за тебе. Бог никогаш не ни дава Крст без претходно да го измери многу внимателно со цел да се осигура дека Крстот ќе резултира со духовен напредок.