Некој ќе рече: "Јас не сум онаков каков што би требало да бидам, не разбирам ништо таму, не можам да се сконцентрирам". А ти отиди каков и да си. Еден старец кажа: "Кога ќе влезеш во парфимерија и излезеш, облеката ќе ти мириса, дури и ако тоа нема да го сакаш, дури и ако ништо не купиш." Тој кажа дека истото се случува кога одиш на Литургија.






Значи, каде и во какви околности гледаш дека Бог бил Неправеден, немилосрден и суров? Не треба да ги испитуваш Божјите судови, зашто само тие се секогаш правилни и познати Му се само Нему. Додека, пак, ние судиме неправилно и Божјите судови ни се чинат несправедливи. Треба да знаеш, дека многу нешта се случуваат по Божја волја и од причини кои не ни се познати. Ете зошто треба да кажеме: Праведен си Ти, Господи, и праведни се Твоите пресуди
На 10.02.2019 година, во Триесет и седмата недела по Педесетница, кога си спомнуваме за преп. Ефрем Сирин и преп. Исак Сирин, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф служеше Света Златоустова Литургија во манастирот на свети Ѓорѓи во Старо Нагоричане.
Таа подготовка продолжува во текот на петте недели коишто му претходат на постот и секое од неделните евангелски четива им е посветено на основните страни на покајанието. Првата најава на Великиот пост е во неделата во којашто се чита евангелската порака за Закхеј (Лк 19,1-10). Тоа е приказ за човекот којшто бил со премногу мал раст, за да може да Го види Исуса,..
Многупати сум говорел дека живееме во карактеристично време. Не ги сакаме фанатизмот и апокалиптичниот дух во Црквата, ниту пак, да говориме дека живееме во последните времиња. За оној што живее во Христос и со Христос секогаш е последно време, зашто гледа на овој живот од перспектива на вечноста. Во секој случај, не можеме да ја пренебрегнеме рамнодушноста што нѐ опкружува, рамнодушноста кон Синот Божји, рамнодушноста кон Светата Литургија на Црквата, рамнодушноста кон сѐ што е Христово.

" Речиси секој грев


Да, вистина е, јас ја сретнав јуродивата (лудата) заради Христа, Тарсо. Всушност, јас поминав извесно време со неа во неколку прилики.
Потребно било некое моќно средство, за да те врати од погибелниот пат. Господ бил принуден тоа средство да ти го прати во вид на болест. Затоа немој да негодуваш на Бога, не бегај со духот, но благодари Му на Бога за милоста кон тебе и грижата за твоето спасение. Во Зборовите Божји (Светото Писмо) се вели: „Господ го сака секого, иако го кара, и го подучува секој син што го прима“. И така ти си му мил на Бога, не навредувај Го со својата неблагодарност и нарушување на Неговите свети заповеди.
Несовршениот, злобниот, незадоволниот човек е агресивен и затоа чувствува несигурност, чувствува дека верата му е во опасност. Зошто твојата вера да е во опасност? Ти дали си Му адвокат на Бога? Ти ли ќе Го заштитуваш Бога?

Е да, шега е, но никој последовател на Христа, не може да има во срцето дури ни најпроста помисла дека постои човек кој ќе биде одделен од Бога, па макар и тој да е најлошиот на светот, најголемиот еретик и најголемиот богохулник кој постоел на земјата. Ние сме должни да се молиме за сите да Го познаат Бога во Светиот Дух и сите да го достигнат единството на верата и познанието на Светиот Дух.
Света блажена Ксенија е родена во првата половина на XVIII век од благочестиви и благородни родители; нејзиниот татко го викаа Григориј, а името на мајка и` е непознато. По полнолетството Ксенија Григориевна стапи во брак со судски пејач, полковник Андреј Фјодорович Петров и живееше со сопругот во Санкт-Петербург. Но, Господ не и` даде долго на младата да биде заедно со сопругот во животот, ангелот на смртта ги одвои: Андреј Фјодорович го заврши животот и ја остави Ксенија Григориевна вдовица на 26 години од нејзиниот живот.
Птиците гнезда имаат,
На 1 февруари 2019 година, по повод 10-годишнината од востоличувањето на Неговата Светост Патријархот Московски и на цела Русија Кирил, Поглаварот на Руската Православна Црква заедно со поглаварите и претставниците на помесните Православни Цркви и членовите на Светиот Архиерејски Синод на РПЦ, отслужи Божествена Литургија во соборната црква на Христос Спасителот во Москва.
























