Напротив, штом си Го сретнал Христос, очекувај да почнат неволји и искушенија, оти патот по кој Го следиш Христа е тесен и страдален.
Христос во ниту еден миг во Евангелието не нè излажа и не ни вети живот во розеви облаци, барем не овде, на земјата. Ние можеме да се молиме за здравје и за сè друго што нам ни се чини дека е добро да бараме, но не смееме да очекуваме дека ако одиш во црква, се
Во овој свет секој има свое послушание: некој е цар, некој е патријарх, некој е готвач, или ковач, или учител, но Господ сите ги љуби. Поголема награда ќе добие оној кој повеќе Го љуби Бога. Господ ни ја даде заповедта да Го љубиме Бога со сето срце, со сиот ум, со сета душа. А без молитвата како е можно да се љуби? Затоа, умот и срцето на човекот секогаш треба да се слободни за молитвата. Оној што го љубиш, за него сакаш и да мислиш, за него сакаш да зборуваш, со него сакаш да бидеш.
Петнаесетте дена на постот се како чекори што ги искачуваме за да стигнеме до Богородица и да и се помолиме на Неа, затоа што таа е и наша мајка. Се молиме на Пресвета Богородица затоа што таа ни е потребна. Без Неа, ние сме сирачиња и беспомошни. Таа е Онаа која може да го побара и измоли нашето спасение од нејзиниот Син. Таа е Онаа која како нежна ...
На 04.08.2020 Митрополитот Тетовско гостиварски г.Јосиф заедно со парохискиот свештеник го посетија семејството Ангелковски од с.Теарце при што на ова семејство му беа донирани прехранбени и хигиенски производи.
Една од главните педагошки задачи на Православната црква денес е таа да научи да им се обраќа на децата. Во црквата нема проповед за децата, макар што тоа денес е неопходно. Прва, основна, насушна и тешка задача којашто стои пред секој христијански воспитувач е кај детето да го пробуди чувството за реалноста на постоењето на Бог.
Дозволувањето на децата да имаат контакт со духовната благодат е една од првите должности на секој христијанин, кој мисли на своите деца, и тоа е задача на Христијанското општество, кое се грижи за својата младина. Ова е вратата за правилно Православно Христијанско воспитување. Просветлување, покајание и радост, кои што се будат во свеста на детето, се надворешен индикатор на фактот дека малиот христијанин чувствува топлина од божествениот извор во себеси. И дури и ако не чувствува, невидливото влијание на Божјата благодат не престанува; само ние не го гледаме,
Да се знае Бог, и колку Он нe љуби и на кој начин духовно нe воспитува? Каде ќе најдеш таков татко што би умрел на крстот заради престапите на своите деца? Обично на таткото му е тешко и го сожалува синот што треба да биде казнет заради своите престапи. Но, дури и ако го сожалува синот, сепак ќе му рече: “Ти постапи лошо, и за своите лоши дела праведно си казнет”. Господ, пак, никогаш нема да ни каже такво нешто.
Животот е голема искуствена наука. Ништо не е потешко од поминувањето низ таа наука, низ тесниот пат и низ тесната врата. Кој во мајчиното или во основното училиште не се навикнал на вера, на страв Божји или на благочестив живот, нему ќе му биде особено тешко да учи во училиштето на животот. Дури и ако во училиштето во кое се изучуваат науки биде умен и учен, и ако би уживал големо почитување поради своите способности, во училиштето на животот ќе се покаже како незнајко, и не само тоа,
Пред 25 години, на 5 август 1995 година, на Вечерната богослужба во чест на Светата Маченица Христина, во преславниот храм на Чесниот Претеча во Свештениот Бигорски Манастир, нашиот Старец, Игумен и Владика, Неговото Преосвештенство, Епископот Антаниски г. Партениј го прими на себе светиот рамноангелски образ.
Свештениот и превозвишен чин на монашкиот потстриг беше извршен од нашиот сакан и почитуван архипастир, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј,
Св. Григориј Богослов
† На смирените им се дава опростување на гревовите.
Св. Григориј Синаит
† Кога ѓаволот гледа дека некој живее плачејќи, тој таму не пребива, затоа што се плаши од смирението што доаѓа од плачот.
Св. Димитриј Ростовски
† Биди така смирен, како што си создаден смирено од Бога.
Мироносица рамноапостолна. Родум од местото Магдала крај Генисаретското Езеро, од племето Исахарово. Претходно мачена од седум зли дуохви, од кои ја ослободи Господ Исус и ја направи здрава. Верна следбеничка и служителка на Господ за време на Неговиот земен живот. Стоеше под Крстот на Голгота заедно со Пресвета Богородица и тагуваше горко. По смртта на Господ трипати го посети Неговиот гроб. Кога Господ воскресна, Го виде двапати: еднаш додека беше сама, а вторпат заедно со останатите жени Мироносици. Патуваше во Ри
Чoвeкoт на oвoј свeт e вo вoјна. Бoрбата e нeпрeстајна, а нeпријатeлитe сe мнoгубрoјни. Пoмeѓу најoпаснитe нeпријатeли спаѓаат лажнитe учитeли. Самo акo чoвeчкиoт ум e впeрeн вo Бoга, чoвeкoт ќe бидe сoчуван oд oвиe oпасни нeпријатeли. Лажнитe учитeли сe или слeпци или сe какo разбoјници; првитe заради свoeтo слeпилo ги вoдат вo прoпаст и сeбeси и другитe, втoритe заради завист намeрнo ги завeдуваат другитe на крив пат за да им ги прeдадат душата и тeлoтo на пeкoлниoт oган.
„ Управувај ги стапките мои според Твоето слово и не допуштај со мене да овладее никакво беззаконие” (Пс. 118, 133).
За да можеме цел ден да го поминеме совршено свето, мирно и безгрешно, единствено средство за тоа е најискрена, пламена молитва наутро, штом станеме од сон. Таа во срцето го воведува Христа со Отецот и Светиот Дух и на тој начин и дава на душата сила и крепост против нападите на злото, но неопходно е да го чуваме своето срце.
Се чини дека нема ништо поскапоцено од слободата. Таа е најголем Божји дар, печат на Неговата татковска љубов кон човекот. Имено, Он го создал човекот слободен. Уште во првите страници на Светото Писмо читаме како Бог ги создал Адам и Ева како слободни битија, со право на избор помеѓу доброто и злото. Тоа е израз на Неговата совршена љубов, бидејќи љубовта може да биде вистинска само кога е во слобода.
На 2 август 2020 година, кога Црквата го празнува споменот на светиот пророк Илија и светите Пречистански преподобномаченици, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј служеше Света Златоустова Литургија во манастирот на свети пророк Илија во с. Миладиновци – Куманово. Пред почетокот на Литургијата, чтецот Никола Николовски од Куманово беше произведен во ипоѓакон, а на Светата Литургија во ѓаконски чин.
На 29ти јули 2020 година, кога Македонската православна црква- Охридска архиепископија, молитвено го прославува споменот на светеномаченик Атиноген и маченица Јулијана, во Воведенскиот храм во охридската населба Рача, ереј Сашо Ристески во сослужение на ереј Александар Димоски и презвитер Димче Азески отслужија Божествена Литургија, за соединување со Хиста преку путирот од кој живот исходи.