Ете ги плодовите на бракот! А животот без љубов е нецелосен, суров, безначаен, бездомен и обично скита по пусти места; не спасува од страданија, нема на кого да ја потпре изнемоштената старост, не прави родителите да оживеат во своите деца, не го поткрепува животот со пријатни врски. Неврзаните со брачни врски не наоѓаат утеха ниту во народните собири, ниту на прославите, туку се мрачни и туѓи на светот; иако родени за живот,
Свети Серафим Саровски: ЗА ЦЕЛТА НА ЧОВЕЧКИОТ ЖИВОТ НА ЗЕМЈАТА
И покрај болките, несреќите и разнообразните потреби се неделиви од нашиот земен живот, сепак Господ не сака ние да бидеме само во таги и несреќи... Господ Исус Самиот ни дава заповед да се сакаме еден со друг и взаемно утешувајќи се преку таа љубов, да го олесниме несреќниот и тесен пат на нашето патување кон Небесната Татковина". По овој прекрасен благодатен настан Свети Серафим го испратил Мотовилов со мир.