Св. Григориј Богослов: Мудрото слово заседнува во срцето
За мене е подобра видливата убавина од убавината изразена во зборови. Претпочитам богатство што го имам во рацете, отколку богатство вообразено на сон; сакам мудрост која не сјае на зборови, туку се сведочи на дела, зашто е речено: „Почеток на мудроста е стравот од Господа; здрав разум имаат сите кои според неа постапуваат“ (Псал. 110, 10), а не кои само ја проповедаат.