Светиот човек се разликува, не со своите чудеса, а со љубовта кон Бога и луѓето
Самиот старец Пајсиј беше голем аскет. Си мислев, дека човек не може да живее така, како што живееше тој. Кон себе, тој, немаше никаква милост, никакво снисходење. Практично не спиеше секоја ноќ. Самиот си наложил такво послушание – од залезот до изгревот (на сонцето) се молеше сам во својата ќелија. Одмараше само по час или два по изгревањето (на сонцето).