Архимандрит Андреј Конанос: Ќе страдаме, сѐ додека не се смириме – V дел
Ајде кажете му денес на едно дете кое се вратило од училиште, се пресоблекло и седнало да јаде: „Леле, заборавив, немаме леб! Ајде да купиш! Облечи се и оди!“ Детето многу тешко ќе го прими тоа. Повеќето деца ќе речат: „Сè јас сум жртвата дома. Правите со мене што сакате. Не го терате брат ми да отиде, туку сè мене!“