(Архива) За празникот Отсекување на главата на св. Јован Крстител
И ете, секогаш актуелната личност и проповед на најголемиот меѓу родените од жена продира длабоко во битието на секој човек и повикува на еден возвишен подвиг и мисија. Св. Јован, со својот громогласен повик оддекнува во пустината на современото привидно радосно живеење, повикувајќи го сиот човечки род, т.е сите нас, кон покајание, кон отворање на срцата за Бога, кон поголема близина со Него и со сите што нѐ опкружуваат.