Катица Ќулафкова: Сенките на Цариград (Разговор со маж ми)
„Се сеќавам јас, ама ти забораваш
дека веќе пливам по небесните заливи
и си имам работа со ѕвездите и ангелите
не со зборовите и луѓето.
Отсега ќе се разбираме природно, како риби.
Ќе се разбираме со мимики, на сон.
Оној сон кој не е ни мој, ни твој.