„Живејте го мигот на Крстот“
Ќе дојдат времиња во кои само оние што активно го искусуваат дејството на благодатта ќе бидат способни да го разликуваат доброто од злото. Луѓето нема да бидат способни да изберат меѓу доброто и злото служејќи се само со својот човечки разум. Ќе има вешти прелести и измами, и само благодатта Божја ќе може да нѐ спаси од сето тоа. Затоа, моли се – моли се за да не паднеш во искушението на прелеста!