Ново издание од Повардарската епархија
Со благослов на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, се подготви и се испечати книгата „Историско-духовниот континуитет на Македонската православна црква во традициите на Охридската архиепископија“. Ова ново издание од издавачката дејност при Повардарската епархија „Св. Ѓорѓи Полошки“ е авторско дело на професорот при Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“, м-р. Александар Атанасов.