Дојдете, луѓе, да Му се поклониме на Триипостасниот Бог – Свети Јован Шангајски
За да го спаси човекот, кој преку првородниот грев отпадна од Бога и стана смртен, по предвечниот Совет на Света Троица, покорувајќи се на волјата на Отецот, Синот Божји слезе на земјата, се роди со дејството на Светиот Дух од Секогашдева Марија, им го објави на луѓето Вистинскиот Бог Отец и Неговата Божествена волја, ги поучи на вистинското почитување на Бог...