СИНАКСАР - САБОТА ОД ПРВА СЕДМИЦА НА СВЕТИОТ ПОСТ
Во овој ден, прва сабота од постот, го празнуваме преславното чудо со коливото на светиот и славен великомаченик Теодор Тирон, кое има ваков почеток: За време на владеењето на Јулијан Отстапник (по Констанциј - синот на големиот цар Константин), кој отпадна од Христа и му се врати на идолопоклонството,започна гонење на христијаните, јавно или прикриено.