Преподобен авва Исаиј - Слово тринесетто
Многу се, знаците што ги направил нашиот Господ Исус Христос. Но ние треба да знаеме дека секој од овие знаци, освен своето буквално значење, има и друго – преносно значење. Тоа што слепите ќе прогледаат, значи: слеп е оној што ја полага својата надеж на овој свет; а ако, напуштајќи го, својот поглед го впери во надежта што ја очекува, тогаш тој навистина го презрел овој свет и прогледал.