Mитрополит Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф - Беседа (извадок)
„Градењето на храмови во коишто ќе се слави верата во Триединиот Бог, е богоугодно дело што заслужува пофалба во овој, но и во векот што доаѓа. Но, вистински светото градење на храмови започнува внатре во нас, во соградувањето на свештениот олтар на нашето срце.
Затоа, апостолот и ден денес нѐ прашува: „Не знаете ли дека сте вие храм Божји, и Духот Божји живее во вас?“6, потсетувајќи нѐ дека „Севишниот не живее во ракотворни храмови.“