Послание до учениците и студентите од Кумановско-осоговската епархија
Нека е благословен Господ Бог Кој и годинава благоволи по завршувањето на безгрижните летни одмори да отпочне уште една година на освојување на нови и проширување на веќе стекнатите знаења. И додека за некои од вас овој септември означува почеток на долгиот период на учење и образување, за други ова е почеток на последната година од истиот тој процес.