Свети Теодор Студит - Поученија за монаси (4)
Вие сте Христови војници; војникот треба да размислува за тоа што му е потребно за војната, и да го пази во ред своето оружје, за да може да го употребува секогаш во борбата со непријателот. – Затоа гледајте дали сте подготвени, во каква состојба е вашето духовно оружјеː дали е изострено, исчистено и светнато. Имено, вие треба да ги иматеː мечот на послушноста, оклопот на верата, шлемот на спасителната надеж, штитот на смирението, лакот на добрите помисли