Беседа на Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф – по повод патрониот празник Свети Климент Охридски, чудотворец
Свети Климент Охридски слободно може да се нарече втор апостол Павле за Македонија. Во својата богата дејност најмногу настојувал да всади во луѓето вистинско христијанство. Успеал да го всади евангелието во црквата, во просветата, во образованието, во книжевноста, во државодворството и во општествените односи. Се трудел морално да ја препороди секоја човекова личност и да воспостави високоморален поредок во