Старец Ефрем Филотејски: Постои една голема вистина...
Постои една голема вистина: онака како што нашето срце е расположено кон нашиот брат, така и Божјото срце се однесува кон нас. Дали сакаш Бог да ти ги прости твоите грешки? Дали сакаш да те сака со целото Свое срце? Тогаш би требало, од срце да сакаш и простуваш.Дали сакаш Бог да ги заборави сите твои гревови и веќе да не се навраќа на нив? „Сакам, би сакала“, плаче душата.