Ете ги плодовите на бракот! А животот без љубов е нецелосен, суров, безначаен, бездомен и обично скита по пусти места; не спасува од страданија, нема на кого да ја потпре изнемоштената старост, не прави родителите да оживеат во своите деца, не го поткрепува животот со пријатни врски. Неврзаните со брачни врски не наоѓаат утеха ниту во народните собири, ниту на прославите, туку се мрачни и туѓи на светот; иако родени за живот,
Благословот на Сретението со Бога (15.02.2019)
Денес славиме една чудесна средба – праведниот и благочестив старец Симеон Го среќава својот Бог. Оној што ја очекуваше утехата Израилева се израдува, држејќи Го во своите старечки раце ветениот Месија. И навистина, според ветувањето, не виде смрт додека со свои очи не Го виде Живиот Бог – Христа Господа. Токму тоа ни го сведочи овој празник – дека човекот е предназначен за оваа средба со Бога, и среќавајќи Го, засекогаш ја победува смртта.