Заврши вториот летен камп по Веронаука (06.07.2017)
Изминативе неколку дена, манастирот Свети Георгиј Победоносец во Рајчица беше омилено место за прекрасна дружба помеѓу неколку деца од Кичево, Прилеп и Велес. Овој нивен богоугоден престој во нашиот манастир беше збогатен со многу различни активности, а тие не го криеја своето воодушевување од сè што видоа, научија и почувствуваа.