Од изреките на св. старец Порфириј
1. Зошто трчаме по сенки? Не, треба да се свртиме кон Светлината и сенките сами ќе исчезнат. Треба да Му дозволиме на Христа да ги исполни нашите души, и демоните сами ќе исчезнат.
1. Зошто трчаме по сенки? Не, треба да се свртиме кон Светлината и сенките сами ќе исчезнат. Треба да Му дозволиме на Христа да ги исполни нашите души, и демоните сами ќе исчезнат.
Можеби ќе кажете дека на Запад сепак, е убаво, сепак, постои нешто добро. Но денес како да заборавивме дека сета негова култура, сѐ она со коешто тој уште може да се пофали и гордее, во своите корени го има Христијанството! Она малку добро што можеби останало таму е плод на христијанизацијата во минатото. Да! Христијанството ги издигна поетите, уметниците и научниците кои живееја на тлото на Западниот свет...
За време на слична Halloween забава во Симферопол, во ноќта помеѓу 30 и 31 октомври оваа година, во храмот посветен на чудотворната икона на Божјата Мајка „Державнаја“ беше извршен акт на вандализам. Московските ноќни клубови, пак, и покрај случената трагедија со патничкиот авион и 224 - те жртви со руско потекло, заради што се прогласи и ден на жалост, не го откажаа празнувањето на Halloween.
Од овие простори се и св. Константин ‒ Кирил и Методиј кои биле мисионери кај Сарацените, Хазарите и Словените. Тука се вратиле и нивните ученици, св. Климент и Наум Охридски, потсети Иванов.Мигрантската и бегалска криза со која се соочува Европа, посочи претседателот, е последица на конфликтите на Блискиот Исток, кои, пак се последица на непочитувањето на старата поговорка која вели „Да не се отвораат старите рани“...
Таа добро знае, дека Нејзиниот Син се распнува доброволно, исполнувајќи ја волјата на Небесниот Отец. Таа го преживува тоа мачно Таинство во молк. Не се подигнува против жестоките распнувачи, не бара справедливост, продолжува да ја носи надежта, надминувајќи се Себеси. Колку тоа не е слично со нашето нетрпение во маките, несреќите, лишувањата и гонењата.
„Во таа смисла, Црквата нема поблиски сојузници од културните дејци. Но многу е важно да сфатиме дека нашите заеднички напори треба да принесуваат исклучиво добри, а никако отровни плодови. Зашто, таму каде што е адот, таму се и болестите и смртта, значи не станува збор за култивирање на почвата, туку за нејзината подготовка кон духовна, а со тоа и физичка погибел на човечкиот род.
Инаку народот има непогрешлив критериум и ги препознава оние што станале свештеници од љубов кон Бога.
За разлика од нив има и такви кои сакаат да станат свештеници поради славољубие.Ако наидат на некоја тешкотија секогаш ќе се мачат. Христис нема да им помогне ако не се смират и ако не се покаат.Но, затоа, пак, на оној што свештеничкиот чин не го примил поттикнат од светски желби и потреби...
Името „Климент“ го среќаваме запишано, со неговите различни јазични и граматички форми, во двете житија за него: Пространото житие на свети Климента од Теофилакт и Краткото житие од Хоматијан и во двете житија за свети Наума, како и во житијата за светите Кирил и Методиј, а се разбира, и во Службата за свети Климентa.
Прoрoкoт, кoј и самиoт првo грeшeл и ја oсeтил сeта смрдeа на грeвoт, збoрува за грeвoвнитe рани. Кoлку oд oва признаниe сe глeда нeчистoтијата на првитe грeвoви, истo тoлку сe глeда и пoвтoрнoтo oчистувањe на пoкајникoт. Бидeјќи сè дoдeка чoвeкoт врви пo гнoјниoт пат на грeвoт, тoј нe ја чувствува загушливата смрдeа на грeвoт...
Спoрeд нeизмeрнoтo Бoжјo милoсрдиe, мoжe.Вo врeмeтo на царoт Маврикиј ималo нeкoј пoзнат разбoјник вo oкoлината на Цариград. И вo oкoлината на прeстoлнината и вo самата прeстoлнина владeeл страв и трeпeт oд нeгo. Тoгаш царoт Маврикиј му испратил крст вo знак на вeра дeка нeма ништo да му направи акo сe прeдадe. Разбoјникoт гo примил крстoт и сe прeдал.
На 27.10.2016 година, на празникот Петковден, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, во сослужение на Митрополитот Струмички г. Наум, извршија мало осветување на храмот „Успение на Пресвета Богородица“ – Маврово. Тетовско-гостиварскиот Митрополит на ктиторот г. Марјан Стојменов во знак на благодарност за изградбата на оваа црква во Руски стил која е реткост во Македонската Православна Црква
„А, доколку Бог не` создал да бидеме без волја и да го правиме само она што Он го сака, тогаш не би постоела слобода.
Бог го создал човекот така што самиот да бара да биде добар, самиот да го посакува тоа, на некој начин како негово постигнување, а всушност тоа произлегува од Божјата благодат.
Меѓутоа, надежта во позитивната промена на односот меѓу човекот и природата таа го поврзува со тежнеењето на општеството кон духовна преродба. Антропогената основа на еколошките проблеми покажува дека светот кој нѐ опколува го менуваме во согласност со својот внатрешен свет, односно преобразувањето (обновувањето) на природата треба да започнува од преобразувањето (обновувањето) на душата. Според мислата на свети Максим Исповедник, човекот ќе биде во состојба целата земја да ја претвори во рај, дури тогаш, кога рајот ќе го носи во самиот себе“.
На 26.10.2016 година, беше претставен конзервираниот фрескоживопис во храмот „Пресвета Богородица - Перивлепта“ во Охрид. Возобновувањето на фрескоживописот, ревитализацијата на камбанаријата, како и на манастирскиот конак, се одвиваше во повеќе фази, започнувајќи од 2009 година па сè до денес. Голем придонес за остварувањето на оваа мисија има Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Р. Македонија, која издвои..
На 22 октомври 2016 Лето Господово, на празникот посветен на св. апостол Јаков Алфеев и св. праотци Авраам и Лот, се изврши осветување на храмот Св. пророк Илија, во Горно Нерези, Општина Карпош. Чинот на осветување го изврши Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан во сослужение на свештенослужители од Скопската православна епархија по што следеше Божествена Литургија.
Иницијативата за градењето, како и идејното решение за Бигорскиот скит на Светите рамноапостолни сесловенски Првоучители и Покрстители, произлегуваат од големата љубов што нашиот Старец ја има за овие два Божествени Светилника на Црквата Христова. Дарител за изградбата на Скитот е благочестивото семејство на г. Горан Џикоски од Скопје, верно духовно чедо на нашата Света Обител.
При составувањето на молитвеникот, беа следени неколку принципи: да им се дадат најнеопходните податоци на слепите и глувите во врска со молитвената практика во Православната Црква. Информацијата е претставена максимално едноставно и достапно, согласно можностите на слепите и глувите луѓе.
Многупочитуваниот Митрополит г. Иларион, кој веќе десет години достоинствено и со ревност го носи тешкиот архиерејски и пастирски крст, е поранешен собрат на Свештената Бигорска Обител. Затоа, денес, по повод десетгодишниот јубилеј, неговиот некогашен соподвижник во монашката борба, нашиот Старец и игумен, Архимандрит Партениј, од името на целото бигорско братство му подари една скромна архиерејска панагија.
Убеден сум дека курсевите по руски јазик ќе имаат многу добра иднина и перспектива. Рускиоте јазикот на Достоевски, на Толстој, но освен тоа, тој е јазик и на голема наука и на голем бизнис. На руски јазик зборуваат повеќе од 300 милиони луѓе и знаењето на рускиот јазик во современиот глобален свет ја зголемува конкурентноста на оној што го познава, рече Шчербак.