† ПРЕПОДОБЕН ПРОХОР ПЧИНСКИ- 2024
Луѓето се приближуваат кон Бога верувајќи во Него и разговарајќи со Него преку молитвата. Животот на луѓето е таков што секој ден имаат што да Му кажат на Бога, но, исто така, имаат потреба и да чујат што ќе им каже Бог на нив. Затоа и апостолот Павле вели: Бог кој во старо време, откако многупати и на многу начини ни зборуваше (Евр. 1, 1).