Само во Бога е силата, мирот, разумот, радоста…
Ти зборувам од сето срце и со сите сили. Те советувам да размислиш, па потоа да работиш. Тоа го заповедал и Самиот Господ Исус Христос! Јас само ти напоменувам. Ако веруваме во Бога и во Синот Божји, тогаш треба да веруваме во Неговите зборови како непроменлив закон, чие исполнување донесува благосостојба во светот и спасение.