СВ. АТАНАСИЈ ВЕЛИКИ И СВ. КИРИЛ АЛЕКСАНДРИСКИ (31.01.2016)
Како што пее и црковната песна, вечен им е споменот и бесмртен на оние кои секакви маки и страдања претрпеа во својот живот, но не поради свои причини, туку секогаш борејќи се за Вистината - за Христа. И по толку многу векови, Црквата не ги заборави Великите Атанасиј и Кирил, Александриските светила, кои и денес, со своите дела и животи, ни го осветлуваат патот кон вечниот и блажен живот.