старец Нектариј Виталис ЗА ОПАСНОСТА ОД ЗАВИДЛИВОСТА
Кога би било можно завидливиот човек да ја има молњата на располагање и кога би можел да ја фрли – само тоа, се разбира, никој да не го забележи – на куќата, на делата на луѓето на кои им завидува, и сето тоа да го сруши и уништи… Тоа сигурно со голема злоба би го направил! Но, кога веќе тоа не е возможно, завидливиот пронаоѓа и користи едно друго оружје – клеветата, која е чедо на зависта.