Денес, на Божик, Љубовта станува Човек и конкретно се оприсутнува во историјата, бивајќи опиплива.
Денес, Оној што е постар од времињата, станува Доенче и спокојно се радува во прегратките на својата Мајка.
Радувајќи се со Богородица, да се радуваме еден на друг, да се љубиме еден со друг, зашто сето ова се збидна заради нас и нашето спасение.
Христос се роди!
Вистина се роди!
+Климент Хераклејски
игумен зрзески со своето во Христа братство