Неспорен е фактот дека ликот Христов - онаков каков што ни го дава Евангелието - пред се е лик на смирението. За Неговото раѓање не се нашло место во ниту еден град, ни куќа: Он се родил во пештера. Христос, до самиот крај останал таков: бездомник Кој - како што и Самиот говорел - „нема каде глава да засолни".
Он секогаш сеоттргнувал од секакви почести и слави; по Своја волја се вратил од Галилеја во Ерусалим каде претрпел ."
Потоа посегнал да ја фрли во оган и иконата од Архангелот, но помислата му велела да не го прави тоа. Долго време се борел со помислата, чудејќи се што да прави. Ќе ја подадел раката да ја фрли во огнот, но потоа ја тргал. Најпосле, нашол еден клинец и ја наместил над вратата. Вечерта застанал на молитва. Додека го извршувал своето бдение, слушнал чекори и звук на кадилница. „Што се случува?“- се прашувал тој. Ја отворил вратата и внатре влегол Архангелот со кадилница, го покадил и си тргнал.
„Според православната црковна антропологија на Светите Отци, суштината на умот се наоѓа во срцето како духовен центар на човекот, а енергијата на умот преку сетилата се расејува по светот. Насочувањето на енергијата на умот кон светот се нарекува секундарна функција на умот, односно разум. Потребно е, значи, да ја активираме примарната функција на умот, односно да ја пренасочиме единствената енергија на умот од надвор кон неговата суштина во срцето, а преку неговата суштина таа енергија да се насочи кон Бог“.
Зборот преображение означува менување на формата. Значи во еден конкретен момент Христос го откри тоа што го криеше, ја објави славата на Божеството, со коешто беше соединета човечката природа од моментот на зачнувањето во утробата на Богородица. Христос со Своето големо човекољубие го сокри тоа што го имаше отсекогаш, за да не “изгорат” Учениците поради нивната неподготвеност, бидејќи сеуште се немаа подготвено.
На 16.08.2020година на голема радост на сите верни денес во храмот „Св. Вмч. Георгиј“ во Кочани беше донесена копија од чудотворната икона на Пресвета Богородица Вратарница – Иверска, во православниот свет позната како Портаитиса.По завршувањето на Литургијата пред Иконата се отслужи Молебен канон со Акатист кон Пресвета Богородица, по што иконата беше однесена во манастирот посветен на Св. Вмч. Пантелејмон во село Пантелеј – кочанско каде ќе биде изложена за поклонение.
Но на јаве
сон не гледав,
магла во ноќ не се подигна
див коњ и ветер глувонем
зајдисонце испратија.
Тогаш, како китки се појавијаластовички кои здив ми следеа,
незапирливо слика исликаа
и со булки поглед ми исполнија.
Божественото го надминува нашиот разум. Оној бог којшто човекот би можел да го разбере до крај не би бил бог, туку нешто што е еднакво на човек. Човекот може да разбере одделни елементи, одделни аспекти на божественото размислување, како и она што му е откриено но не повеќе. Да се претендира на сеопфатно познание е бесмислено, тоа, просто, е научно некоректно, затоа што дури ни природата не ни открила ни стоти дел од своите тајни. Како можеме да зборуваме за Оној, Кој стои зад таа природа?
Јас те љубам и ти треба да ме љубиш! Бидејќи те љубам, треба да правиш како што сакам!“
Тоа не е љубов, туку диктатура. Тоа е ропство. Зароби ме бидејќи ме љубиш и треба да ме уништиш?!
Не можеш ли да ме љубиш без ништо да ти дадам?
Во денешно време е докажано, дека основата на сторијата е добро проверен историски факт. Црквата од 5 век е откриена на локација, која се смета за древен Ефес. Текстуалната критика ги потврдила резултатите од археолошкото откритие. Иако археологијата и текстуалната критика не можат да го потврдат чудото зад приказната, сепак тие потврдуваат дека сторијата опишува вистински историски настан за седум млади момчиња, коишто се појавиле меѓу Ефесјаните и за кое се верува дека е чудо, кое за сите го потврдува воскресението од мртвите.
„Македонскиот Острог“ го порослави споменот на преносот на моштите на Свети архиѓакон и првомаченик Стефан.
Ти се покажа прв меѓу ѓаконите и прв меѓу мачениците, сесвети Стефане, бидејќи си им бил пат на светите и кон Господа си привел многу маченици.
Затоа ти се отвори небото и Бог ти се јави. Него моли Го, да ги спаси душите наши. (Анатолиева стихира)
Благословот на Пречистата Мајка Божја од Нејзиното сечесно Успение веќе започна да ги распростира своите благодатни зраци. Денес Царицата Небесна го благослови почетокот на светиот пост, востановен во чест на
Нејзиното преселување во бесмртното Царство Христово.
Треба да се избегнува претеран и исцрпувачки пост, дури и во време на телесно искушение. Свет Исаак Сирин предупредува: „Чувај се од преголема изнемоштеност на телото, што може да предизвика мрзеливост којашто, пак, може да ја олади душата. Секој треба како на вага да го мери својот живот. За време на јадењето чувај се да не си дадеш слобода ниту во базначајните работи. Твоето седење нека биде целомудрено.
Христос сам ги изнесе нашите гревови на дрвото со телото Свое, та за гревовите да умреме, а да живееме за правдата: „преку Неговата рана се исцеливте“. Зашто бевте како изгубени овци, кои немаат пастир, но сега се обрнавте кон Пастирот и Владиката на вашите души (1 Птр. 2, 24–25).
Сите ние сме овци во словесното стадо на нашиот голем Пастир – Господ Исус Христос, Кого Бог на мирот Го воздигна од мртвите (види: Евр. 13, 20–21).
Вo гнeвoт Бoг сe oдвраќа oд избраниoт нарoд и сe жали на нeгo на oстанатитe Свoи сoзданија, сe жали на нeбeсата и на зeмјата. Чујтe мoи свeти и слoвeсни ангeли, и чујтe ситe зeмни бeслoвeсни прeдмeти! Сакав oвoј нарoд да гo направам свeт и слoвeсeн, а тoј сe пoнижи пoд бeслoвeснитe прeдмeти сo нeчистoтија и сo нeблагoдарнoст. Ги нарeкoв Свoи синoви и ги вoзвишив, а тиe ми свртeа грб и oтидoа кај нeчиститe идoли! Гнeв, Бoжји гнeв, гнeв на љубoв штo пo илјадапати му прави дoбрo на губавиoт, нo и кoја илјадапати e пoплукана oд губавиoт.