Детската насмевка е најголемо богатство
Брзајќи истрчала од просторијата а големата врата зад неа се затворила. Дури кога се вратила дома сфатила дека нејзиното дете останало внатре. Во тој момент испуштила очајнички крик и се разбудила од сонот веднаш погледнувајќи покрај себе, дали нејзиното дете е тука. Кога го видела како мирно спие покрај неа , цврсто го прегрнала а солзи радосници и ги исполниле очите. Тогаш сфатила колку големо богатство поседува, а дека не била свесна за тоа.