Старец Гавриил Карејски: ЗА БОЖЈАТА ПРОМИСЛА
Затоа, да имаме целосна доверба во Бога. Она што Он го допушта да го примаме.
За жал, и ние имаме огламници како и коњите. Немаме приближување кон нештата со набљудување. Бог сѐ знае, сегашноста, минатото и иднината. Знае што ни е од полза, а што не. Соодветно и ни дава. Затоа, да не негодуваме. Тоа што ни го дава да го примаме – болест, сиромаштија, што и да е тоа!