Завршени годинешниве градежни работи на храмот на Свв. Кирил и Методиј во Битуше
Иницијативата за градењето, како и идејното решение за Бигорскиот скит на Светите рамноапостолни сесловенски Првоучители и Покрстители, произлегуваат од големата љубов што нашиот Старец ја има за овие два Божествени Светилника на Црквата Христова. Дарител за изградбата на Скитот е благочестивото семејство на г. Горан Џикоски од Скопје, верно духовно чедо на нашата Света Обител.