Реиздание на книгата „Голем е Бог“ од старец Клеопа
Со благослов на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, се подготви и се испечати реиздание на книгата „Голем е Бог“. Ова издание на издавачката дејност при Повардарската епархија „Св. Ѓорѓи Полошки“ го преведе протоереј-ставрофор Игор Никовски. Ова е веќе трето издание на книгата поради големиот интерес на нашата читателската публика, која во изминатите години со несмален интензитет пројавуваше интерес за ова дело, покрај многубројните други наслови кои ги издадовме.